Дома Останати Тенис Доминацијата продолжува: Ѓоковиќ ја зголеми предноста на врвот!

Доминацијата продолжува: Ѓоковиќ ја зголеми предноста на врвот!

Новак Ѓоковиќ ја продолжува доминацијата во светскиот денес, а 413 недела на првото место на АТП листата за започнува со дополнителни 150 поени предност. Алкараз изненадувачки беше елиминиран на турнирот во Буенос Аирес, па така разликата на врвот помеѓу двајцата најдобри тенисер се зголеми од 600 на 750 поени.

Споменатата разлика настана по поразот од Шпанецот во полуфиналето на турнирот во Буенос Аирес, каде ја одбрани титулата од минатата сезона, додека српскиот ас одмараше и немаше што да брани. Најтрофејниот тенисер во историјата на овој спорт, кога се во прашање грен слем титулите, и натаму има 9,855 бодови, додека Алкараз „падна“ на 9,105.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Промена имаше и на третата позиција на листата на најдобри тенисери во светот, бидејќи од денеска е во сопственост на Италијанецот Јаник Синер, кој во неделата вечерта го освои турнирот во Ротердам, додека Данил Медведев, кој е надвор од терените од „Австралија опен“, падна на четвртата позиција.

Андреј Рубљов го зазема петтото место, а потоа следат Германецот Александар Зверев, Холгер Руне од Данска, полскиот тенисер Хуберт Хуркач, Австралиецот Алекс де Мунир и Тејлор Фриц од САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…