Дома Фудбал Доктор за трофеи – Дани Алвес

Доктор за трофеи – Дани Алвес

Ремито помеѓу Толуз и Лил го донесе ПСЖ до насловот првак на Франција.

Парижаните во последните седум години освоија шест трофеи, а еден играч на овој тим со новата титула влезе во историја.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, Дани Алвес го освои својот пети трофеј со ПСЖ, а вкупно 42 во кариерата.

Со новиот пехар во ветрините тој на листата со најмногу трофеи го престигна Хосам Хасан кој освоил 41 трофеј.

Алвес четири трофеи освои со репрезентацијата на Бразил, дури 23 со Барселона, по пет со Севиља и ПСЖ, три со Бахија и два со Јувентус.

Третото место на оваа листа го делат три фудбалери, а тоа се Андрес Иниеста , Максвел и Ибрахим Хасан.

Десниот бек во кариерата настапи за пет тимови, Бахија, Севиља, Барселона, Јувентус и ПСЖ, а одигра преку 770 натпревари и постигна 54 погодоци.

Дани Алвес прилика за нов трофеј во дресот на ПСЖ ќе има на 27. април кога неговиот тим ќе игра во финалето на купот против Рен.

ПСЖ новата титула првак на Франција ја прослави синоќа на Паркот на Принцевите против Монако.

Ако ја погледнеме ситуација во Франција и доминацијата на Пари Сен Жермен, Алвес има и голема прилика секако доколку се задржи уште некоја сезона само да ја зголемува разликата на врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…