Додека целиот свет се воодушевува на неверојатниот Килијан Мбапе кој има само 18 години, еден клуб веројатно се кае.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс за „The Times“ неколку пати истакна дека ги убедувал луѓето во Манчестер Јунајтед да ги доведат Хесус кој сега го носи дресот на Манчестер и Килијан Мбапе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Хесус го следев пред три години, а Мбапе го следев цела година со нашиот скаут. Тука немаше што да се размислува, веднаш беше јасно за каква класа играчи станува збор. Им кажав на луѓето во клубот, купете ги! Веројатно ќе требаше да издвоиме, пет или шест милиони фунти“, открива Гигс.
Габриел Хесус денес е еден од главните фудбалери на Манчестер Сити, а Килијан Мбапе премина во ПСЖ кој за него ќе плати сума од 180 милиони евра.