Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити и Наполи се блиску до договор за трансфер на Калиду Кулибали.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Граѓаните“ платија 40 милиони фунти за Нејтан Аке од Бормут, но и покрај тоа, Пеп Гвардиола планира да троши пари за да ја засили одбраната, а токму Кулибали е примарна цел.
Наполи минатото лето одби богати понуди за Кулибали, но сега работите се променија и е спремен да го продаде.
Кулибали веќе има комплетен договор со „граѓаните“ кои испратија понуда од 70 милиони евра плус бонуси.
Во моментов се договараат последните детали околу бонусите кои би требало да изнесуваат 5 милиони евра.