Дома Топ вести Додека го играше мадритското дерби неговата сопруга и ќерка минувале низ вистинска драма

Додека го играше мадритското дерби неговата сопруга и ќерка минувале низ вистинска драма

Во едно од полошите мадритски дерби натпревари во последните неколку години Атлетико и Реал ги поделија бодовите одигрувајќи 0:0.

После последниот судиски свиреж на „Ванда Метрополитано“ во соблекувалната катастрофални вести го дочекале Касемиро.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Според информациите на шпанските медиуми додека Бразилецот го играл дербито крадци влегле во неговиот дом во кој се наоѓале неговата жена и ќерка.

Ќерката и сопругата на Касемиро сигурно не се чуствувале добро и биле прпелашени, додека крадците успеале во својата цел и однеле скоро се што било вредно во домот.

Во последно време зачестија кражбите во домовите на познатите фудбалери во Мадрид, овој пат на ред беше долгогодишниот член на „Лос Бланкоси“.

Клубовите ги предупредија играчите на друштвените мрежи да не ја објавуваат внатрешноста на нивните домови, превземени се одредени мерки, меѓутоа тешко е ваквите работи да се спречат целосно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…