Францускиот напаѓач Карим Бензема преживеа кошмарна вечер!
Како дополнение на тешкиот пораз од Барселона во полуфиналето од Купот на кралот, крадци му го играбија домот на Бензема.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека куќата на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, била ограбена за време на вчерашниот дуел против Барселона на „Сантиаго Бернабеу“.
Куќата на Французинот била ограбена некаде околу 22 часот, кога почнуваше второто полувреме на средбата на „Бернабеу”.
Полициската истрага е во тек, па засега не е познато колкава е штетата, но ова е познат „моидус операнди“ на крадците не само во Шпанија, туку и ширум Европа.
Така Кевин Принс Боатенг се соочи со грабеж за време на мечот против Валјадолид, а истото му се случи и на Садио Мане додека играше против Баерн Минхен.
Seguimos en la pelea!! #HalaMadrid ? ⚽? pic.twitter.com/wZHMh9lYQh
— Karim Benzema (@Benzema) February 24, 2019