Дома Фудбал Останато Договорот на повидок: Познати и деталите за новото натпреварување – Мундијал за клубови!

Договорот на повидок: Познати и деталите за новото натпреварување – Мундијал за клубови!

infantino

Изгледа дека парите пресудија, во прашање е награден фонд од три милијарди долари, а ќе учествуваат 24 клубови!

Според сегашната ситуација повеќе нема дилеми! ФИФА ќе се обиде да „украде“ дел од колачот на УЕФА иако претставникот на европската куќа на фудбалот Џани Инфантино поради овие планови испрати критики, ќе биде укинат Купот на Конфедерациите и СП за клубови во форматот кој досега ни е познат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот турнир ќе започне од 2021 година, ќе учествуваат 24 клубови кои ќе се натпреваруваат во осум групи по три екипи. Победниците одат понатаму и делат огромна сума. Одреден е и терминот ќе се игра во втората недела од јуни и ќе трае две ипол недели.

Состанокот на Инфантино со европските гиганти е веќе одржан и според најавите нив најмногу ги интересираат парите од инвеститорите и навистина се работи за огромни суми.

Турнирот би се играл на секои четири години, половина (12) од учесниците би биле од Европа. Инфантино наводно веќе добил „зелено светло“ од Баерн Минхен, Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, наскоро се очекува и останатите големи клубови да тргнат по нивните стапки.

Освен 12 Европјани, ќе учествуваат и уште два клуба од Азија, два од Африка, два од Конкакаф зоната, најверојатно шампионите на МЛС и мексиканската лига и четири клуба од Јужна Америка.

Последниот учесник ќе биде добиен во бараж помеѓу Јужноамериканците и тим од Океанија што секако е слично на репрезентативниот формат.

Вкупно ќе се одигра 31 натпревар, а кога ќе се погледнат бројот на натпревари и сумата на пари ова натпреварување би било и повредно од Мундијалот.

Сето ова е борба за пари, а нема сомневање дека Мундијалот за клубови ќе привлече огромно внимание, посебно што се одржува во јуни и тоа во годината кога нема да има ништо друго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…