Договорот на Игор Ангеловски кој ја одведе Македонија на првото сениорско Европско првенство заврши на крајот на 2020 година, а на почетокот на новата 2021 истиот беше продолжен.
Се чекаше долго време да се продолжи договорот на Ангеловски, иако беше јасно дека би било вистинска лудост човекот кој ја одведе Македонија на ЕП да не ја води.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јавноста правеше притисок врз Фудбалската Федерација договорот да се продолжи и на крајот тоа се случи. Сепак, при објавата дека договорот на Ангеловски е продолжен ФФМ не објави никакви детали.
Во изјава за утринската програма на „Сител“ телевизија Ангеловски потврди дека неговиот договор е продолжен само до 31.07.2021, односно не се знае дали тој ќе биде селектор по завршувањето на ЕП.
И во овој разговор Ангеловски порача дека не зависи од него дали после ЕП ќе остане селектор на Македонија без разлика што има одлични резултати.
Во продолжение погледнете го целиот разговор.