Експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио пишува дека Игор Тудор ја прифатил понудата на Андреа Пирло да му биде помошник во Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тудор во овој момент е тренер на Хајдук кој решил да го напушти кога пристигнала понудата од Јувентус и за тоа веќе го известил раководството на хрватскиот клуб.
Според информациите клубот нема да прави проблеми и ќе ја испочитува неговата желба. Јасен е мотивот на Тудор, Јувентус за него би бил голем чекор и предизвик.
За Ди Марцио работата е завршена и се чека само официјална потврда од некоја од вклучените страни.