Дома Фудбал Италија Договорено! Милан добива нов тренер и спортски директор!

Договорено! Милан добива нов тренер и спортски директор!

„Билд“ ретко кога греши кога нешто ќе објави како ексклузива, сега Германците имаат ексклузива за Милан – нов тренер и спортски директор на Милан ќе биде Ралф Рангник!

Не е новост дека Милан го сака Рангник, но новост е дека соработката е договорен! „Билд“ објави дека преговорите се во завршна фаза и дека наскоро се ќе биде и официјално потврдено. Милан понуда за Рангник испратил уште пред три месеци. Добро известениот „Билд“ пишува дека преговорите на големо се воделе и дека сега се дојдени до самиот крај. Рангник во Милано ќе биде пречекан како некој кој треба да го крене на нозе италијанскиот гигант.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан веќе со години не успева да излезе од криза. Практично од кога Берлускони и Галијани намалија гас започна падот на Милан. Берлусони престана да вложува како некогаш, а Галијани започна да го губи влијанието во клубот. Сето тоа резултираше со резултатски пад. Милан последната титула ја освои уште во 2012 година.

Рангник ги постави темелите на фудбалската империја на Ред Бул. Три години паралелно ги извршуваше директорските фунцкии во двата клуба, а во 2015 година си даде оставка во Салзбург и стана тренер на Лајпциг како решение за една сезона. Паралелно извршуваше и директорска функција во германскиот клуб кој експресно напредуваше.

Во 2016 година повторно се посвети само на директорската работа за минатата сезона повторно да ги обедини двете функции бидејќи Лајпциг не можеше да пронајде квалитетно решение за клупата. Минатото лето го заврши вториот тренерски мандат на клупата на Лајпциг, но и директорскиот. Компанијата Ред Бул го постави за директор на нивните развојни клубови во Њујорк и Бразил, меѓутоа се уште има некои ингеренциии во Лајпциг.

Очигледно овој човек поседува голем квалитет, ќе видиме како ќе изгледа Милан ако „падне“ во негови раце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …