Дома Топ вести Договорени сите детали, познато кога Погба доаѓа во Торино

Договорени сите детали, познато кога Погба доаѓа во Торино

Италијанските медиуми објавија дека трансферот на Пол Погба во Јувентус е завршена работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес раководството на Јувентус имаше средба со агентката на играчот Рафаелa Пимента на која биле договорени и последните детали.

Погба ќе потпише 4-годишен договор според кој ќе заработува 8 милиони евра по сезона плус 2 милиони во форма на бонуси.

Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед завршува следната недела, а се очекува во периодот од 5 до 8  јули да пристигне во Торино на лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.

Како што е познато, тој играше во торинскиот гигант во периодот од 2012 до 2016 година, каде и ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…