Дома Фудбал Доволно е само да истрча на терен: Меси вечерва поставува нов рекорд во Ла Лига!

Доволно е само да истрча на терен: Меси вечерва поставува нов рекорд во Ла Лига!

Eден од најдобрите фудбалери кои некогаш истрачале на зелениот терен, Лео Меси вечерва ќе постави нов рекорд во шпанската Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот кој Барселона вечерва го игра против Џирона ќе биде 423-ти за Меси во шпанското првенство со што ќе испише нова странива во историјата на ова првенство и ќе стане – странец со најмногу настапи во Ла Лига!

Досегашен рекордер беше неговиот поранешен соиграч, Бразилецот Алвес кој играјќи за Севиља и Барселона собра 422 настапи во шпанското првенство.

Во досегашните 422 натпревари, Меси има 320 победи, 66 нерешени средби и само 37 порази.

Натпреварот помеѓу Барселона и Џирона се игра со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малдини стана шеф на италијанскиот фудбал, па веднаш избра нов селектор

Андреа Пирло неочекувано се истакна како главен фаворит за клупата на италијанската фудбал…