Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас не заработил сериозна повреда откако предвреме го заврши натпреварот со Емполи минатиот викенд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кориере дело Спорт“ објави дека повредата на Елмас не е сериозна и тој ќе биде во конкуренција за настап во дербито со Милан во недела.
Елмас доби удар во десната нога во финишот од мечот со Емполи, тогаш Спалети го замени.
Сезонава Елмас игра добра сезона и има доверба од Спалети. Наполи после добриот старт во Серија А е во низа од три натпревари без победа и мечот со Милан сигурно ќе им биде од голема важност.