Дома Фудбал Добри вести за Реал пред дуелот со ПСЖ

Добри вести за Реал пред дуелот со ПСЖ

Тони Крос денес им се приклучи на соиграчите на тренингот и ќе биде спремен за реванш осминафиналниот дуел со ПСЖ во Лигата на шампиони.

Германскиот плејмејкер се здоби со повреда минатата недела и беше под знак прашалник за дуелот со ПСЖ.

Ова е одлична вест за Анчелоти, бидејќи нема да може да смета на Каземиро, кој е под суспензија поради жолти картони исто како и Менди.

Реал Мадрид во првиот дуел загуби во Париз со 1:0 и на „Сантиаго Бернабеу“ ќе брка еден гол негатива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…