Тренерот на Милан Џенаро Гатузо денес ја слушна казната откако беше исклучен во првото полувреме од дуелот со Киево и му се закануваше суспензија.
Сепак, темпераментниот Рино се спаси од суспензија и ќе од клупата ќе го води својот дим во градското дерби против Интер во недела.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дисциплинската комисија на Гатузо му одреди само парична казна од 15.000 евра поради непримерно однесување покрај аут линијата за време на натпреварот со Киево.
Истата таа сума ќе ја плати и тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини поради неговиот испад и туркањето на секретарот на Сампдорија, Масимо Јенка, но воедно доби и суспензија од еден натпревар.
Суспензии од по еден натпревар поради жолти картони во пресрет на 28-то коло од Серија А заработија уште: Бурабија (Сасуоло), Брадариќ (Калјари), Имобиле (Лацио), Опоку (Удинезе), Скоцарела (Парма), Валоти (СПАЛ) и Веретут (Фиорентина).
#ACMilan boss Gennaro Gattuso avoids a touchline ban for the #DerbyDellaMadonnina vs #Inter as #Atalanta's Gian Piero Gasperini is suspended for only one game https://t.co/AvEl8Bfev9 #FCIM #MilanInter pic.twitter.com/iPYcHjN9zh
— footballitalia (@footballitalia) March 12, 2019