Дома Фудбал Доби ли Барселона вчера подарок пенал? (ВИДЕО)

Доби ли Барселона вчера подарок пенал? (ВИДЕО)

Леганес вчера одигра храбро против Барселона, но сепак на крајот „фенерџијата“ претрпе пораз на „Камп Ноу“ од 0:2.

Играчите на Леганес имаа три големи шанси да постигнат гол, но не ги реализираа. Две од тие три беа во првото полувреме. Подоцна Фати го отвори резултатот, а на 20-тина минути до крајот беше Барселона доби дискутабилен пенал.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Меси падна во казнетиот простор, а судијата покажа на белата точка. Во Леганес сметаат дека во таа ситуација биле оштетени.

„Ова не беше пенал. Стануваше збор за нормална акција, ако беше на спротивната страна ние сигурно немаше да добиеме пенал“, изјави помошникот на тренерот Агире, Тони Амор.

Играчот за врска на Леганес, Роке Меса има слично мислење.

„Ја видов снимката, немаше пенал. Секој кој малку знае фудбал, знае и дека тоа не беше пенал. Не мора да си судија тоа да го сфатиш. Таа ситуација беше клучна затоа што при 0:1 работите можеа да бидат поинакви“, изјави Меса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…