Дома Фудбал Останато Добива ли ПСЖ конкурент? – Славниот француски клуб има нови сопственици!

Добива ли ПСЖ конкурент? – Славниот француски клуб има нови сопственици!

ПСЖ во овој момент нема вистинска конкуренција во Франција, но со доаѓањето на новите сопственици во Бордо таквата ситуација би можела да се промени.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Од Бордо денес соопштија дека имаат нов сопственик, откако клубот е купен од американскиот конзорциум ГАЦП за 100 милиони евра.

Досегашниот сопственик на Бордо, Николас де Таверност потврди дека клубот од денес е во рацете на Американците.

„За Бордо се отвара нова страница. На новото раководство му посакувам голем успех и им се заблагодарувам на навивачите за овие 19 години кои ќе ми останат во преубаво сеќавање.

Заекогаш ќе останам навивач на Бордо“, изјави Таверност.

Бордо во овој момент се наоѓа на 11-та позиција во Лига 1, но оваа екипа сега би можела да започне со големи промени во играчкиот кадар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симеоне: Немам сила да продолжам понатаму

АТЛЕТИКО Мадрид уште еднаш остана без титула во Лигата на шампионите, натпреварување што Д…