Кошаркарите на Црвена Ѕвезда со победа на домашен терен вечерва извојува победа во првиот меч од финалето на АБА лигата против Цедевита.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бранителот на трофејот, Црвена Ѕвезда дуелот го доби со 81:66 (16:27; 29:17; 21:10 и 15:12) и поведе со 1-0 во добиени натпревари.
Гостите од Загреб подобро го почнаа натпреварот и во финишот на првиот дел имаа предност од 15 поени (26:11). „Црвено-белите“ до пресврт стигнаа во 16 минута кога поведоа со 31:30, а потоа имаа водство до крајот на натпреварот.
Чарлс Џенкинс од Црвена Ѕвезда со 20 поени беше најефикасен на дуелот.
Финалето се игра во серија подобар од пет (до три победи), а финалниот натпревар број 2 е на програмата утре исто така во Белград.