Дома Фудбал Италија Доаѓа крајот за кинеските „преваранти“, моќниот арапски конзорциум ќе го враќа Милан на врвот!?

Доаѓа крајот за кинеските „преваранти“, моќниот арапски конзорциум ќе го враќа Милан на врвот!?

Она за што се шпекулираше, изгледа дека е вистина, па навивачите на „росонерите“ и покрај сите проблеми можат да се надеваат на подобра иднина.

Според пишувањето на италијанските медиуми сомнителните Кинези ќе го напуштат клубот. Имено нов кандидат за превземање на долговите кои ги направија Кинезите е фондот „Хајбриџ“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинезите го задолжија Милан за 300 милиони евра и долгот мораат да го вратат до следниот октомври, а тоа да го направат немаат никакви шанси.  Проектираните приходи кои беа претставени во овој момент не се реални, тие се однесуваат на маркетиншките вложувања од Кина, но до сега од тоа нема ништо.

Медиумите го повторуваат она што е веќе познато, за Јонгхонг Ли никој од посериозните бизнисмени не ни слушнал, а неговото семејство имало проблем со законот.

Тој сега бара некого на кого може да го продаде поголемиот пакет од акциите. Се наведува на тоа дека Милан за овој човек бил преголем „залак“. Според последните информации поголемиот дел од акциите би требало да припаднат на моќниот арапски конзорциум кој веќе ангажирал фирма од Америка специјализирана за преговори за продажба на клубови.

Неименуваните Арапи како што пишуваат италијанските медиуми ќе имаат повеќе од доволно пари за да ги средат финансиите на клубот, но веднаш ќе започнат и реализацијата на изградба на стадионот.

Она на што навивачите се надеваат фудбалската историја, покажува дека инвеститорите од арапските земји полесно вложуваат отколку Кинезите, на крај, тие имаат и поголеми средства.

Во секој случај Милан во овој момент е во големи непријатности, боли погледот на табелата, имаат 18 бодови помалку од лидерот Интер и не само тоа, преодниот рок се покажа како целосно промашување, иако беа вложени 230 милиони евра.

Од друга страна медиумите во Италија веќе се забавуваат со подаокот дека голманот на Беневенто, Брињоли кој вчера постигна гол против „росонерите“, постигна повеќе погодоци од Андре Силва, напаѓачот за кого Милан плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…