Дома Фудбал Италија Ди Франческо останува на клупата на Рома, пресуден ќе биде дуелот против Милан

Ди Франческо останува на клупата на Рома, пресуден ќе биде дуелот против Милан

Италијанскиот стручњак Еусебио Ди Франческо ќе остане тренер на Рома, јавуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Волчицата синоќа доживеа вистински дебакл во четвртфиналето во Купот на Италија, откако во гости беше поразена од Фиорентина со 7:1.

Многумина сметаа дека Ди Франческо после тој натпревар сигурно ќе добие отказ, но челниците на Рома одлучиле да му дадат уште една шанса.

Имено, истиот извор пренесува дека пресуден ќе биде дуелот против Милан, кој се игра во недела во рамките на Серија А. Доколку Рома тој натпревар го загуби, Ди Франческо ќе стане поранешен.

Италијанските медиуми пренесуваат дека главен фаворит за негова замена е поранешниот тренер на Фиорентина Пауло Соуза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Жозе Мурињо и соопшти на големата ѕвезда дека не му е потребен во Реал!

Иако Едуардо Камавинга не планира да замине од Реал, фактот е дека Жозе Мурињо не смета на…