Сампдорија после седум кола во новата сезона се наоѓа на последото место на табелата во Серија А.
Тимот од Џенова лошо ја отвори сезоната, а под палката на Ди Франческо загуби на шест од седум натпревари во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таквите резултати го чинеа Ди Франческо работа. Имено тој денеска и официјално доби отказ од клубот.
Ди Франческо за шеф на стручниот штаб беше поставен на крајот од јуни, но веќе заработи отказ – иако летоска потпиша договор кој требаше да важи до 2022. година.
Инаку, Ди Франческо пристигна во Сампдорија откако претходно заработи отказ во Рома. Пред Рома со доста успех го предводеше Сасуоло, а работеше уште во Пескара и Лече.
?U.C. #Sampdoria: comunicato stampa del 7 ottobre 2019 ➡️ https://t.co/PJ4HyNn3hF pic.twitter.com/4AHTQDq2Cf
— U.C. Sampdoria (@sampdoria) October 7, 2019