Фудбалерот на ПСЖ, Анхел Ди Марија своевремено беше еден од најдобрите во составот на Кралевите, иако тоа се промени подоцна.
Во рамки на Лигата на шампионите, утре на „Бернабеу“ ќе гостува екипата на ПСЖ, а она што е интересно е тоа што аргентинскиот интернационалец повеќе не крие дека ништо не го врзува во Мадрид и дека не би имал проблем да настапува за екипата на Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Со Реал Мадрид мојата комуникација е завршена, со оглед на тоа дека таму мојот ангажман заврши уште пред неколку години. Немам проблем да го облечам дресот на Барселона, единствено не би можел да настапувам за Нуел Олд Бојс, со оглед на тоа дека сум фан на Росарио Централ“, истакна Ди Марија.