Дома Фудбал Дисциплински постапки од УЕФА за полуфиналистите во Лига Европа

Дисциплински постапки од УЕФА за полуфиналистите во Лига Европа

Дисциплинската комисија на УЕФА покрена постапка против учесниците во полуфиналето на Лигата на Европа, поради случувањата на реваншите одиграни вчеравечер.

Најголеми престапи направија навивачите на Олимпик Лион, кои на средбата со Ајакс користеа пиротехника, фрлаа предмети на теренот, ги блокираа скалите и втрчуваа на терен.

Ајакс е обвинет затоа што неговите фанови направија штета на стадионот на Лион.

Постапка против Манчестер Јунајтед поради доцнење на почетокот на натпреварот против Селта, како и за црвениот картон кој го доби Ерик Бејли, додека тимот од Виго е на дисциплинска за црвениот картон, кој го доби Факундо Ронкаља.

Одлуките за висина на казните Дисциплинската комисија ќе ги донесе на 20 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут го потопи Јунајтед: „Олд Трафорд“ се празнеше, опасната зона е на бод!

Манчестер јунајтед загуби со 0:3 пред своите навивачи и по осум кола има само седум бода. …