Дома Топ вести Директорот на Фиорентина откри дека Реал Мадрид добива засилување од 70 милиони евра!

Директорот на Фиорентина откри дека Реал Мадрид добива засилување од 70 милиони евра!

Во еден период од трансфер периодот се мислеше дека Бруно Фернандеш ќе биде големо засилување за Манчестер Јунајтед. Наводно бил блиску до трансфер во редовите на „црвените ѓаволи“, но зделката пропаднала во последен момент.

Бруно Фернандеш и понатаму е во Спортинг, но веќе некое време се шпекулира дека би можел да го засили Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако информации кои ги поседува спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Прада се точно, Фернандеш се упатил кон Мадрид.

Прада на изненадување на многумина ја пласираше оваа вест во јавноста во текот на вчерашното претставување на нивниот нов играч, Далберт.

Фиорентина ова лето покажуваше интерес за Бразилецот од Спортинг Рафиња, но до трансфер на одличниот напаѓач не дојде поради тоа што во Лисабон наводно се спремаат за заминување на Фернандеш.

„Рафиња мораше да биде повлечен од трансфер пазарот бидејќи Бруно Фернандеш оди во Реал Мадрид за 70 милиони евра“, изјави Прада.

Прада очигледно верува дека Спортинг себе си не можел да си дозволи губење на уште еден офанзивен играч и поради тоа Фиорентина не успеала да го дооговори Рафиња. Дали Прада има точни информации ќе дознаеме многу брзо бидејќи трансфер пазарот се затвара во понеделник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…