Спортскиот директор на Барселона, Рамон Планес ја коментираше ситуацијата на Луис Суарез во клубот.
Суарез е во потрага по нов клуб, откако Роналд Куман јасно му порача дека нема да смета на него во новата сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Треба да ги респектираме фудбалерите кои дале многу за овој клуб, а Луис е таков. Сега се наоѓа во фаза на промени и со нов тренер кој има нови идеи. До 5 октомври, кога завршува трансфер пазарот, може да се случат многу работи“, изјави Планес.
„Јавна тајна е дека бараме засилување во нападот, но не секој фудбалер може да игра за нас. Барселона секогаш го бара најдоброто. Работиме на нови засилување, барама играчи кои се квалитетни и ускусни“, додаде директорот на Каталонците, кој потврди дека Видал заминува и му посака се најдобро.