Дома Македонски спорт Динамо ја прифаќа фаворитската улога, Шкупи сака поддршка од публиката за сензација!

Динамо ја прифаќа фаворитската улога, Шкупи сака поддршка од публиката за сензација!

Oд 21:00 часот денес Шкупи ќе го пречека Динамо Загреб во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите, а чаирчани се надеваат на сензација после добриот резултат на гостински терен.

На „Максимир“ Шкупи одигра 2:2 и тоа е резултат кој им два право на момците на Гоце Седлоски да се надеваат, сепак во Шкупи се свесни и за квалитетот на противникот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По натпреварот кој го одигравме во Загреб и позитивниот резултат кој го имаме, не чека тежок натпревар. Не треба да се залажуваме со натпреварот одигран „Максимир“. Тренираме цела недела со максимални напори и спремни го дочекуваме овој реванш. Знаеме против кого играме, но верувам во историска победа. Секако ќе ни биде потребна и поддрката од навивачите“, изјави Седлоски пред денешниот натпревар.

Улогата на фаворит во Динамо ја прифаќаат.

„Ја прифаќаме улогата на фаворит. Динамо е навистина тоа, фаворит. Имаме почит за противникот, но ќе направиме сè за да го добиеме овој меч. Свесни сме дека Шкупи е мотивиран и деќа ќе направи сè за да не изненади“, гласеше изјавата на тренерот на Динамо, Анте Чачиќ пред овој дуел.

Кога во прашање е телевизискиот пренос, правата за овој меч не ги обезбеди ниту една македонска телевизија, а ќе може да се следи на хрватската ХРТ 2.

Според најавите на хрватските медиуми, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се очекуваат да бидат во стартниот состав на Динамо. (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …