Селекторот Драган Бајиќ доби добра вест пред двомечот со Грузија за место во квалификациите за пласман на СП 2023.
Имено, Ненад Димитријевиќ севраќаво репрезентацијата и ќе настапи, меѓутоа само на натпреварот кој ќе се игра во Скопје на 27. овој месец во салата „Борис Трајковски“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Димитријевиќ има проблем со грбот затоа имаше и скратена минутажа за Валенсија во шпанскиот куп. Поради таа повреда ќе му бидат потребни терапии па нема да биде целосно подготвен за гостувањето во Тбилиси.
Ќе потсетиме, Дамјан Стојановски по завршувањето на Купот на Македонија порача дека нема да биде на располагање на селекторот за овој двомеч. Од претходно е познато дека повреда има и Адем Мекиќ.