Дома Македонски спорт Мак баскет Димитријевиќ оптимист: Веруваме дека можеме да ја победиме Грузија

Димитријевиќ оптимист: Веруваме дека можеме да ја победиме Грузија

Ненад Димитријевиќ е повторно дел од националниот тим. Не ги одигра првите три натпревари од овие квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023 година. Но сега е подготвен да му помогне на тимот да дојдеме до првиот успех.

Вечерва, од 20.часот, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје да ја совладаме селекцијата на Грузија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот играч на шпанската Валенсија одработи неколку тренинзи, прво индивидуални, а потоа, по враќањето на тимот од Тбилиси, и „колективни“, па може да одговори на обврските кои ги носи еден ваков квалификациски натпревар:

„Претходните два-три дена правев третмани, се чувствувам многу подобро и подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата на натпреварот со Грузија“.

Нашиот организатор на играта очекува малку поразличне натпревар од оној пред неколку дена во Тбилиси:

„Мислам дека ќе биде различен меч од оној во Тбилиси. Играме дома, еве и јас можам да помогнам и се надевам на тотално поинаков развој на настаните. Сите веруваме во подобар исход, а атмосферата во тимот е најважна во вакви ситуации“.

Добро ги познава квалитетите на водечките играчи на нашиот противник. Но верува дека со добра игра во одбраната можеме да ги сопреме Мек Фејден и Шермадини.

„Познато е дека Мек Фејден и Шермадини, неколку години играат на сериозно високо ниво во шпанската лига. И јасно е дека тие се најсилна страна на грузиската репрезентација. Затоа и ќе се обидеме да ги запреме колку е тоа возможно. Верувам дека можеме“- вели нашиот голем адут на овој меч, исто така доста важен во конечниот епилог на настаните во групата „Г“, кои стануваат покомплицирани, ако се знае дека вториот меч од нашата група, Украина-Шпанија е одложен поради воената ситуација во земјата каде требаше вечерва да се игра тој натпревар.

Грузија ќе игра во ист состав во Скопје

Селекторот на грузиската репрезентација Илијас Зурос, не направи ниту една измена во составот во однос на оние 12 што пред три дена ја победија Македонија во Тбилиси.

И вечерва во Скопје ќе излезат истите кошаркари што беше и очекувано, имајќи ја предвид убедливата победа. Главно оружје повторно ќе бидат Мекфејден и Шермадини против кои мораме да најдеме решение ако сакаме да се избориме за победа.

По воведните три кола од квалификациите, Грузија има биланс 2/1, а Македонија уште ја брка првата победа.

СОСТАВ НА ГРУЗИЈА: Отар Пхакадѕе, Кахабер Јинчаридѕе, Ѓорги Шермадини, Дуда Санадѕе, Георге Корсантија, Михеил Беришвили, Мераб Боколишвили, Акаки Двалишвили, Тадус Мек Фејден, Бека Бекаури, Гиви Бакрадѕе, Илија Лодаридѕе

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…