Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски потврди дека информациите кои во еден период се појавуваа за неговиот трансфер во Барселона не биле само шпекулации.
Димитриевски ги договорил сите услови со Барселона и останал само уште потписот, но на крајот трансферот не се реализирал затоа што резервниот голман Нето одбил да си замине.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Преговаравме и се беше готово. Јас ги прифатив условите кои ми беа понудени, постигнавме договор, остана само уште потписот. Сепак до него не дојде затоа што вториот голман Нето не сакаше да си замине. Имам договор со Рајо до 2024 година и верувам дека е време да направам исчекор во кариерата, нормално дека сум среќен што клубови како Барселона се интересираа за мене“, изјави Димитриевски.
Сезонава Димитриевски со својот Рајо двапати се радуваше на победа против Барселона.
„Да, неверојатно е. Мислам дека тоа му успеало само на Баерн Минхен. Опстанокот од поодамна го обезбедивме, но не сме задоволни само со тоа“, истакна македонскиот голман.
Зборуваше Димитриевски и за баражот за Светското првенство во кој Македонија ја елиминираше Италија.
„Ја добивме најтешката група во баражот и станавме херои на нацијата со елиминацијата на Италија. Но, помеѓу нас владееше и големо разочарување затоа што не успеавме да ја победиме Португалија. Имаме навистина одлична генерација која може да остварува нови успеси“, порача Димитриевски.