Македонскиот репрезентативец голман, Столе Димитриевски за шпанска „Марка“ ги откри впечатоците од големата победа над Германија.
Димитриевски истакна дека Германија не не сфатила сериозно, а германските фудбалери воопшто не им честитале на победата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„После голот на Пандев, мислеа дека ќе победат затоа што се Германија. Мислам дека не нѐ сфатија сериозно. Особено медиумите. Израмнија по пеналот и судијата им го прости на пеналот што го направи Емре Џан. Ама потоа заби Елмас и тоа беше фатално за нив. Дури и не ни ја честитаа победата. Тоа според мене не е во ред“, изјави Димитриевски.
„Кога судиијата свирна крај тоа беше лудило, неверојатно. Не можевме да веруваме. Резултатот не изгледаше реално. Тоа беше наш момент, најголема победа на нашата репрезентација. На европското првенство ќе бидеме нагазна мина, сигурен сум“.