Уругвајскиот дефанзивец, Диего Годин е избран за најдобар играч во Лигата на Шампионите за оваа недела.
Одличниот капитен на Атлетико Мадрид одигра одлично во натпреварот против Јувентус во првиот осмина финален дуел во Лигата на Шампионите заедно со својот колега од одбраната Хименез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму тие двајца беа и единствените стрелци во победата од 2:0, а Годин на крајот беше и избран за играч на неделата. Инаку, во конкуренција за најдобар играч, освен Годин, беа и Џејсон Денајер (Лион), Тиаго Алкантара (Баерн Минхен) и Рахим Стерлинг (Манчестер Сити).
Well played, @diegogodin ???#UCL #POTW pic.twitter.com/pjLCmwwFTR
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) February 22, 2019