Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров потпиша за Загреб: Ќе бидеме изненадување сезонава!

Дибиров потпиша за Загреб: Ќе бидеме изненадување сезонава!

Еден од најдобрите ракометари на Вардар и миленик на навивачите, Тимур Дибиров го комплетираше трансферот во Загреб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По девет сезони во Вардар, каде го доби статусот на легенда, Дибиров по проблемите на црвено-црните од финансиска природа се реши да се пресели во Загреб.

„Среќен сум што доаѓав во Загреб, клуб со богата историја и традиција, од чии редови настапувале многу големи имиња на хрватскиот и европскиот ракомет. Очекувам големи работи и знам дека ќе давам се од себе за да оствариме добри резултати. Со некои од новите соиграчи имав играно и претходно, како Борозан и Чупиќ, со дел сум бил противник на теренот, а со останатите допрва ќе се запознавам. Имаме екипа која има што да докаже и дека сезонава многумина пријатно ќе изненадиме“, изјави Дибиров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …