Утре Вардар го започнува вториот дел и од Лигата на шампионите, а прв противник е Порто.
Црвено-црните отпатуваа за Португалија на дуел со португалскиот претставник. Во тимот на Порто има дури 12 играчи од репрезентацијата на Португалија и секако станува збор за квалитетен тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Го гледав Светското првенство првенство, Порто е целата репрезентација на Португалија. Против Египет беа одлични, исто игра и Порто. Опасни се од сите позиции. Очекувам еден тежок натпревар и ако сакаме да напредуваме мораме да почнеме да победуваме. После два месеци без натпревар полека влегуваме во ритам“, изјави Дибиров пред мечот.
Натпреварот помеѓу Порто и Вардар се игра утре од 20:45 часот.