Крилото на Вардар, Тимур Дибиров и голманот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски се избрани во тимот во СЕХА лигата.
Вардар одигра само два натпревари со Нексе и Мотор, а Дибиров одигра одлично и постигна 9 односно 6 гола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чаневски, својот најдобар настап го имаше против Металопластика кога имаше 14 одбрани.
Тим на месецот:
Голман – Градимир Чаневски (Еурофарм Пелистер)
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Десно крило – Владо Матановиќ (ППД Загреб)
Лев бек – Халил Јагањац (Нексе)
Среден бек – Ајденас Малашинскас (Мотор Запорожје)
Десен бек – Воислав Рајовиќ (Металопластика)
Пивот – Вјачеслав Бохан (Мотор Запорожје)
Тренер – Гинтарас Савукинас (Мотор Запорожје)