Ракометарот на Вардар Тимур Дибиров имаше интервју за каналот на СЕХА лигата.
Ако во ракометот постои чудесен тим тогаш тоа е Вардар, а ако постои чудесен играч во тој клуб тогаш тоа е Тимур Дибиров, гласи најавата на интервјуто со руското крило.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како почнал да игра ракомет?
„Во Русија доаѓаат тренери и гледаат кој за што е талентиран, мене ме викнаа да пробам да играм ракомет. Јас од дете бев заљубен во спортот па така започна мојата кариера“.
Што прво му паѓа на памет кога ќе се споменат двете титули во Лигата на шампионите?
„Прво што ми паѓа на памет е многу труд, многу емоции…Имавме две екипи различни, но многу квалитетни. Толку многу работи треба да се вклопат за да станеш шампион, потребна е и среќа, тука се работата, трпението…“.
Зошто Вардар е посебен клуб?
„Вардар е посебен клуб и тоа не се само зборови. Во последните 7-8 години тука играа големи имиња, тие што беа тука знаеа дека играат во тим кој е желба на многу ракометари. Дресот на Вардар тежи две европски титули и сега тимот сака да се врати на старите успеси, мое мислење е дека се ќе биде добро“.
На кој натпревар секогаш ќе се сеќава?
„Најголема трага ми остави натпреварот со ПИК Сегед од четвртфиналето во 2019 кога ја освоивме втората европска титула. Тоа беше многу емотивен меч, мислевме дека треба да се простиме со таа прекрасна публика, беше неверојатно емотивно. Тешко е кога играме сега без публика, ако игравме со публика убеден сум дека ќе имавме повеќе бодови. Има играчи кои сега се тука и се уште не виделе како е да се игра пред полна сала, во таков случај многу подобро би сфатиле што значи дресот на Вардар“.
Зошто го носи дресот со број 31?
„Како дете дојдов во Чеховски Медведи и тој дрес беше слободен и ми го дадоа тој број. Така почнав да го носам тој број“, зборува Дибиров помеѓу другото во интервјуто.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ДИБИРОВ