Вардар утре со почеток од 16:00 часот го игра натпреварот против Елверум во Лигата на шампионите.
Тимот на Вардар иако не прикажува толку лоша игра, сепак има серија порази и Тимур Дибиров смета дека дојдено е време конечно да се стави крај на таа црна низа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Прво сакам да кажам дека без оглед на поразите, се гледа дека напредуваме во играта. Тоа можеше да се види во дуелите со многу квалитетни екипи каде што губевме со по еден разлика. Сите екипи со кои игравме имаа различен стил на игра, така и Елверум се разликува од претходните. Тие се екипа кои бараат физичка подготвеност и играат интезивен ракомет. Време е конечно да влеземе во добра серија и да ја поправиме ситуацијата, ништо не дава повеќе самодоверба како победа“, изјави Дибиров.