Паоло Дибала веќе некое време се поврзува со заминување од Јувентус.
Аргентинецот член на Јувентус е од 2015 година, а договорот му важи уште година ипол. Преговорите помеѓу двете страни се во тек подолго време, но договор нема.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа со промената на профилната фотографија можеби најавува која е неговата желба.
Дибала се одлучи за фотографија во дресот на Јувентус на која го носи дресот со број 10 и капитенската лента.
Одличниот офанзивец оваа сезона во главно беше надвор од теренот, после тримесечната пауза се врати против Наполи и веднаш постигна гол.
Проблемот помеѓу Дибала и Јувентус е што Аргентинецот бара плата од 10 милиони евра, но „старата дама“ скептична и не сака да ризикува со толкава сума.