Дома Топ вести Дибала: Не знам каде ќе играм, разговарав со Тоти и Занети

Дибала: Не знам каде ќе играм, разговарав со Тоти и Занети

Пауло Дибала си заминува од Јувентус како слободен играч, а за италијанските медиуми сега откри дека се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Во претходниот период Аргентинецот се поврзуваше со Интер и со Рома, но одлуката ќе ја донесе откако прво ќе оди со репрезентацијата, па на одмор.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


„Ништо не сум решил. Одам во Шпанија да се приклучам на репрезентацијата, а потоа ќе имам еден одмор, па ќе видиме. Не знам ништо, но ќе се обидам да го изберам она што е најдобро за мене“, изјави Дибала.

Дибала вчера играше хуманитарен натпревар во Милано кој го организираше Самуел Ето, дел од тој натпревар беше и Франческо Тоти кој пред неколку дена порача дека ќе се обиде да го убеди да оди во Рома (тука).

„Тоти е идол, нема некој што не го сака во светскиот фудбал. Се видов и со него и со Занети, разговаравме, но нема ништо конкретно и не би сакал сега да зборувам“, истакна Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…