Пауло Дибала може да ја напушти Рома на крајот на сезоната, ако римскиот клуб не обезбеди пласман во Лигата на шампиони, открива „Газета дело Спорт“.
Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и до сега на 16 меча директно учествувал на 13 гола за „волчицата“.
Поради тоа Рома е подготвена да му понуди нов договор на Аргентинецот. Дибала во моментов има плата од 4.2 милиони евра по сезона, која би била зголемена на 6 милиони евра, со што би се отстранила клаузулата.