Дома Фудбал Дибала има специјална клаузула во договорот со Рома

Дибала има специјална клаузула во договорот со Рома

Аргентинскиот напаѓач, Пауло Дибала може да ја напушти Рома, ако римскиот клуб не обезбеди пласман во Лигата на шампиони, открива „Газета дело Спорт“.

Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 20 милиони евра.

29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и до сега на 12 меча постигна 7 гола и запиша 2 асистенции.

Оваа сезона „Волчицата“ не игра во Лигата на шампиони и ако не обезбеди пласман за следната сезона, Дибала ќе сака да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кајоде блесна на дебито за Италија: Манчини ми веруваше повеќе отколку што очекував

Мајкл Кајоде го одбележа првиот настап за Италија со гол против Турција, а откри и зошто н…