Дома Фудбал Италија Дибала: Во Јувентус играат големи шампиони, од Роналдо можете многу да научите

Дибала: Во Јувентус играат големи шампиони, од Роналдо можете многу да научите

Во текот на вчерашниот Марко Тардели во медиумите излезе со изјава дека Аргентинецот од Јувентус, Паоло Дибала е еден од играчите кои се мачат и имаат проблеми кога на теренот е Кристиано Роналдо.

Дибала немаше сезона за паметење и токму поради тоа во медиумите многу се пишува за негово потенцијално заминување од клубот. Меѓутоа неодамна директорот на Јувентус, Фабио Партичи порача дека Дибала ќе остане во клубот, а во таква насока е и последната изјава која ја даде самиот Аргентинец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според зборовите на Дибала тој не размислува за заминување од Јувентус и ја разбира ситуацијата кога во клуб каков што е Јувентус понекогаш мора да биде и резерва. Покрај тоа истакна и дека ужива во играњето со Кристиано Роналдо.

„Играњето во Јувентус носи голема забава, но и ви дава сатисфакција дека добро сте работеле во кариерата. Ова е клуб во кој секогаш настапуваат големи шампиони“, изјави Дибала па продолжи да зборува за Роналдо.

„Да се игра со Роналдо е вистинско уживање, тој е голем шампион. На тренинзите и натпреварит од играч како Роналдо можете многу да научите. Кога го гледате него тешките работи изгледаат многу поедноставно“, порача аргентинскиот фудбалер.

Дибала во редовите на Јувентус пристигна од тимот на Палермо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…