Дома Фудбал Диаз некогаш беше во позадина како собирач топки додека Иско славеше – вчера заедно славеа! (ФОТО)

Диаз некогаш беше во позадина како собирач топки додека Иско славеше – вчера заедно славеа! (ФОТО)

Фудбалот многу пати досега ни донел многу неверојатни приказни.

Обично денешните млади ѕвезди до неодамна имаа свои идоли, а некои од нив имаа среќа да дојдат во ситуација да играат со нив во истиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Брахим Диаз, кој во Реал Мадрид дојде од Манчестер Сити вчера во натпреварот помеѓу Реал и Хуеска му асистираше на Иско при постигнувањето на еден од погодоците. И тука не би било ништо необично доколку Диаз претходно не беше собирач на топки и го имаше на иста фотографија со Иско.

Имено, во 2011 година тој се најде на иста фотографија во која во крупен кадар се Иско и Казорла.

Диаз овие две фотографии ги објави на неговиот Инстаграм профил. На едната Диаз е во позадина како собирач на топки, а на една го прославува погодокот заедно со Иско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…