Дома Фудбал Де Јонг и прави проблем на Барселона за регистрацијата на Левандовски и Рафиња

Де Јонг и прави проблем на Барселона за регистрацијата на Левандовски и Рафиња

Левандовски и Рафиња се две голми засилувања за Барселона кои пристигнаа ова лето, но Каталонците имаат проблем да ги регистрираат.

Ла Лига не дозволува регистрација на овие играчи додека не се направи простор во финансискиот дел од клубот. Поради тоа Барселона е принудена да прдава, а екипата од „Камп Ноу“ сака да се ослободи и од Френки Де Јонг.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, Холанѓанецот не сака да замине и прави сериозен проблем. Ако во наредниот период каталонскиот клуб не се ослободи од него или ако Холанѓанецот не прифати драстично помала плата, Левандовски и Рафиња нема да можат да бидат регистрирани како играчи на Барселона.

Челниците на Ла Лига немаат можност да направат попуст за Барселона. Клубот едноставно мора да се ослободи од одредени договори и да направи трансфери во склад со прописите.

Медиумите веќе започнаа да шпекулираат дека бидејќи Де Јонг не сака да замине, Барселона размислува да го продаде Марк Андре Тер Штеген. Де Јонг така ја доведе Барселона во прилично незгодна позиција.

Лапорта и неговите луѓе го убедуваат да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед, но него во Англија не му се оди. Дали може да се случи поради неговото одбивање Барселона да остане без Тер Штеген останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…