Луис Енрике изненади со одлуката да не го повика голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа за Мундијалот во Катар.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Унаи Симеон, Давид Раја и Роберт Санчес добија предност во однос на голманот на Манчестер Јунајтед и тоа секако беше изненадување. Де Геа побарал образложение од Луис Енрике, а тој го известил дека тоа било негова одлуката.




Наводно, во Шпанската федерација некако разбрале дека Де Геа се пензионира од репрезентацијата, па дури му испратиле и благодарница за доприносот кој го имал за „Фуријата“ во изминатите години.




Таквиот потег бил изненадувачки за голманот кој возвратил дека никогаш не се пензионирал од репрезентација и не планира да се повлече. Сепак, како и да е Де Геа остана без повик за Светското првенство во Катар.