Шпанскиот голман Давид де Геа ја одби понудата од Манчестер Јунајтед да го продолжи договорот.
Црвените ѓаволи неколку пати му понудија на Де Геа нов тригодишен договор, но Шпанецот одби било какви преговори и најверојатно ова лето ќе го напушти Олд Трафорд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јунајтед на Де Геа неделно му нудеше 350.000 фунти неделна плата, но тој тоа го одби и бараше 500.000 фунти, што од Олд Трафорд не се согласија.
Веќе неколку недели се шпекулира дека Де Геа најверојатно кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, кој наскоро би требало да испрати официјална понуда за него.
Поради лошиот финиш на сезоната Де Геа го загуби местото прв голман во репрезентацијата на Шпанија и сигурно ќе сака што поскоро да ги реши дилемите околу својата иднина.
Во Јунајтед веќе одлучиле да го продадат Де Геа поради тоа што не сака да го продолжи договорот, а медиумите од Островот веќе ја пронајдоа неговата замена. Наводно, на мета на Јунајтед се наоѓа голманот на Ајакс, Андре Онана кој зад себе има одлична сезона со холандскиот клуб.
Онана со Ајакс ја освои двојната круна и стигна до полуфиналето во ЛШ. Овој млад Камерунец ја помина школата во Барселона, но во 2015. година премина во Ајакс.
После одличната сезона го привлече вниманието на многу тимови, но Манчестер Јунајтед веќе спрема понуда. Црвените ѓаволи ќе понудат околу 40 милиони фунти, но прво сака да почека да види што ќе биде со Де Геа.