Дома Фудбал Англија Де Брујн: Стадионот на Тотенхем не е ништо посебно!

Де Брујн: Стадионот на Тотенхем не е ништо посебно!

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујн не е воодушевен од новиот стадион на Тотенхем.

„Граѓаните“ гостуваат на новиот стадион на Тотенхем утре во четвртфиналето на Лигата на шампиони, но Де Брујн не смета дека стадионо ќе има влијание врз резултатот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Утрешниот натпревар ќе биде прв за Тотенхем на новиот стадион во Европа.

„Стадион како стадион. Дали ќе играме на Вембли или на новиот стадион мислам дека е сеедно. Мене не ме загрижува стадионот, туку противникот. Сите зборуваат за тој стадион, но тој не е ништо специјачно. Секој тим има свој стадион на кој ги игра домашните натпревари“, изјави Де Брујн.

Манчестер Сити минатата сезона настапите во Лигата на шампионите ги заврши во четвртфиналето, каде беше елиминиран од Ливерпул.

Сега „граѓаните“ во краток период ќе играат три натпрвари против Тотенхем, затоа што имаат меѓусебна средба и во Премиер лигата која е на програмата 20-ти април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од …