Дома Фудбал Де Брујн: Имаме се што е потребно за титула

Де Брујн: Имаме се што е потребно за титула

Еден од најдобрите белгијски фудбалери Кевин Де Брујн верува дека неговата репрезентација има квалитет кој е потребен за освојување на светскиот трон.

Моќната и талентирана белгијска генерација би можела да биде крунисана во Русија, но Де Брујн не сака премногу да паднат во еуфорија пред време.

„Знаеме дека нашите навивачи од нас очекуваат многу. Имаме единство во тимот, а класата на играчите ни овозможува да се бориме за највисок пласман.“ – изјави Де Брујн и додаде:

„Одиме од натпревар во натпревар и избегнуваме еуфорија, бидејќи не ни е потребна. Сакаме да го победиме секој натпревар и да оствариме максимален можен резултат, а за титулата ќе зборуваме ако дојдеме до финалето. Мислам дека имаме се што е потребно за освојување на Мундијалот.“

Да потсетиме, Белгија и Франција својот полуфинален натпревар го играат вечерва со почеток во 20 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…