Дома Македонски спорт Мак ракомет Дејвис: Нексе не е идеален тим за мој прв натпревар, не чека тежок меч!

Дејвис: Нексе не е идеален тим за мој прв натпревар, не чека тежок меч!

Во 18:00 чаост утре во „Јане Сандански“ Вардар го очекува натпревар со Нексе.

Нексе е тим за респект, а со тоа се сложува и новиот тренер на Вардар, Давид Дејвис.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Подготовките во јануари беа одработени што се вели со половина тим. Само за да се направи генерален план што се вели систем за играње. Вчера не игравме против Металург, а утре се среќаваме со Нексе. Имавме видеоанализа, немавме многу време за детални подготовки за овој меч. Еве Гаџа, Валчак и Чувара кои играа на ЕП со нас одработија само два тренинга. Нексе е многу добра екипа, со добар тренер, со играчи кои играат долго време заедно. Како за прв мој меч не е идеално но што е тука е. Ќе видиме како утре тоа ќе изгледа“, изјави Дејвис.

За Вардар ова е прв натпревар во вториот дел од сезоната откако вчера беше одложен дуелот со Металург во Суперлигата.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…