Дома Останати Кошарка НБА Дејвис и Леброн за седма победа во низа на Лејкерси, Јокиќ го предводеше Денвер (ВИДЕО)

Дејвис и Леброн за седма победа во низа на Лејкерси, Јокиќ го предводеше Денвер (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси ја победија Атланта на гости со 96:101 и така ја запишаа седмата победа во низа, а вкупно 24. триумф во НБА лигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Лејкерси со скор од 24-3 сигурно ја држат лидерската позиција на Западот пред градските ривали Клиперси (20-8). Атланта од друга страна има скор од 6-21.

Гостите до победата беа предводени од Леброн Џејмс (32 поени, 13 скокови и 7 асистенции) и Ентони Дејвис (27 поени и 13 скокови). Во редовите на домаќините најдобар беше Трае Јанг со 30 поени, 7 асистенциии  и исто толку скокови.

Кошаркарите на Денвер стигнаа и до третата победа во низа откако на свој паркет славеа против Њујорк Никси.

Екипата од Коларода до 17. триумф беше предводена од Никола Јокиќ. Српскиот центар за 36 минути на паркетот оствари дабл-дабл со 25 поени, 10 скокови и 5 асистенции.

Јокиќ беше следен од Вили Бартон со 16 поени и 9 украдени топки, додека Гери Херис имаше 15 поени. Во редовите на Никси, Маркус Морис забележа 22 поени, а Џулијуш Рендл 20 поени и 9 скокови.

НБА резултати:

Атланта – Лејкерси 96:101

Бруклин – Филаделфија 109:89

Денвер – Њујорк Никси 111:105

Голден Стејт – Сакраменто 79:100

Њу Орлеанс – Орландо 119:130

Индијана – Шарлот 107:85

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…