Tренерот на фудбалерите на Вест Хем, Дејвид Мојс порача дека освојувањето на Конференциската лига е неговиот најдобар момент во кариерата.
„Би кажал дека ова е најдобриот ден во мојата тренерска кариера. Семејството ми беше тука, победивме со гол во последните моменти, освоивме трофеј…Ваквите моменти се ретки во кариерата на еден тренер. Ова беше брилијантна вечер“, изјави Мојс за „БТ Спорт“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред девет недели навивачите на Вест Хем не беа задоволни од резултатит на Мојс и во натпреварите од Премиер лигата бараа негово заминување. Сега, благодарение на освоениот трофеј Вест Хем ќе игра во Лигата на Европа, иако во Премиер лигата заврши како 14-ти.
„Да ми кажеше некој пред три години кога доаѓав дека ќе избегнам испаѓање од Премиер лигата и ќе се пласирам во Европа веројатно би му кажал дека е луд. Знаеме дека оваа сезонаа не беше најдобра во Премиер лигата, но во ова натпреварување остваривме голем успех“, истакна Мојс.
Ако не ја освоеше Конференциската лига, Вест Хем веројатно ќе го отпуштеше Мојс, но сега шкотскиот стратег би можел да добие нова шанса идната сезона.